iiamo warm

iiamo warm iiamo warm

iiamo warm е грејач за еднократна употреба, кој го загрева млекото до препорачана температура од 37C за приближно 4 минути без употреба на електрична енергија. iiamo warm е мал загревачки природен феномен што содржи само сол и вода. Знаеме дека звучи чудно, но е вистинито.

Ефектот на затоплување доаѓа од рехидрацијата на сувата сол, при што се ослободува енергија. Едноставно солената вода го грее млекото на вашето бебе.

iiamo go ќе го чува млекото топло околу 15-20 минути, во зависност од условите на околината.

iiamo warm е направен од многу малку пластика - само 14 грама (плус сол и вода), тежина која кореспондира со половина од тежината на празно пластично шише од 1/2 литар.iiamo warm е направен од пластичен материјал polypropylene (PP) - посебно еколошки прифатлив материјал. PP нема штетно влијание на околината поради тоа што при негово целосно разградување се ослободува само CO2 и вода.

Односот од сол и вода во iiamo warm кертриџот се внимателоно пресметани под претпоставка дека млекото е на собна температура кога се налева во шишенцето, и iiamo go шишенцето е полно со 170 – 180 ml млеко, со цел да се постигне температура од 37°C за приближно 4 минути.

Важно е да се напомене дека шишенцето треба да се протресе неколку пати веднаш по активирањето на кертриџот за затоплување за да се овозможи солта и водата убаво да се измешаат и топлината да биде дистрибуирана подеднакво. iiamo warm кертиџот ќе продолжи да генерира топлина приближно 20 минути и така ќе го чува млекото топло доколку веднаш не му се даде на бебето.

iiamo warm е грејач за една употреба. Кога ќе се измешаат водата и солта невозможно е пак да се одвојат.

See our presentation videos