често поставувани прашања

-Дали може да го користам кертрџот за загревање во авион?

Да, кертриџот содржи помалку од 100 ml (точно 46 ml). Препорачуваме да се стави iiamo warm во шишенцето или да се понесесе со себе оригиналното пакување. Од iiamo корисниците добивме информации дека некои аеродромски контроли имаат субјективни правила и може да го третираат кертриџот за загревање како опасен или процесот на греење премногу мистериозен, во тие случаи заземаат став "better safe than sorry", па iiamo неможе да гарантира дека во сите случаи нема да има проблем од страна на аеродромската контрола.

-Дали можам да го загревам млекото во микробранова печка кога го користам iiamo more со iiamo go во домашни услови?

Да, дури можете да ја оставите и силиконската цуцла намонтирана!

-Може ли iiamo go да се мие во машина за миење садови?

Да

-Може ли iiamo go да се користи за затоплување млеко во микробранова печка?

Да

-Дали може iiamo warm да се фрли во корпа за отпадоци?

Да. iiamo warm може без грижа на совест да се фрли во било која корпа за отпадоци, поради тоа што е направен од многу малку пластика - само 14 грама (плус сол и вода), тежина која коренспондира со половина од тежината на празно шише од 1/2 литар.iiamo warm е направен од пластичен материјал polypropylene (PP) - посебно еколошки прифатлив материјал. PP нема штетно влијание на околината поради тоа што при негово целосно разградување се ослободува само CO2 и вода.

-Дали смее да се извади грејачот (iiamo warm) додека трае затоплувањето?

Препорачуваме да не се одстранува грејачот од iiamo go (шишенцето) додека не се олади, поради тоа што активиран грејач може да достигне температура и до 100° C. НЕ ГО ОДСТРАНУВАЈТЕ кертриџот додека е активен (во употреба).

-Дали iiamo flow спречува колики?

iiamo flow има вграден анти-колик вентилационен систем, што значи дека шишенцето и цуцлата се приспособуваат на внесувањето на воздух со што се спречува настанување на вакуум во шишето. Испитувањата покажуваат дека има поврзаност помеѓу вакуумот во шишето и коликите, што е спречено во случајот на iiamo go.

-Дали е потребно да се користи специјална четка за чистење?

Не. iiamo go е дизајнирано така што може целосно да се расклопи и состави лесно и едноставно за да може шишенцето да се измие рачно или во машина за миење садови без да се користат додатни елементи како четка за чистење.

-Дали iiamo производите содржат BPA (Bisphenol-A)?

Не!

-Дали iiamo производите содржат фталати?

Не!

-Колку долго iiamo go го чува млекото топло?

iiamo go ќе ја одржува температурата приближно на 37° C за време од 15-20 минути во зависност од околината.

-Дали iiamo производите се тестирани?

Да. Сите призводи на iiamo се тестирани во соработка со DHI Group and the Danish Consumer Lab (ForbrugerLaboratoriet), и сите iiamo производи ги задоволуваат постоечките стандарди( European Standards EN 1400 and EN 14350 и други соодветни стандарди) кои ги регулираат безбедносните барања за цуцли, шишенца за хранење и другите производи за нега на бебиња. iiamo more и iiamo drink се во согласност и се тестирани според European Standard BS EN 14350-1-2. iiamo peace е во согласност и тестирана според European Standard BS EN 1400-1-2-3. iiamo string е во согласнот и е тестирана според European Standard BS EN 12586. Најважно од се, iiamo поставува свои, дури и уште повисоки стандардиe. Нема да дозволиме користење на BPA.

-Како да ги исчистам/дезинфицирам iiamo peace и iiamo string?

Во зовриена вода

-Како да го претворам iiamo go во шишенце за пиење?

Заменете ја комората за греење со iiamo more(рамно дно) и цуцлата со iiamo drink (додаток за пиење) и ќе добиете дизајнерско шишенце за пиење од 380 ml

-Како да го претворам iiamo go во нормално шишенце за хранење?

Едноставно заменете ја комората за греење со iiamo more (рамно дно)

-Како да ја заменам цуцлата лажалка на iiamo string?

iiamo string е опремена со силиконски прстен кој е флексибилен и лесно поврзан со копчето на iiamo peace цуцлата лажалка.Едноставно истегнете го прстенот.

-Како најлесно да го отстранам капачето на iiamo go?

За да се осигура дека капачето е цврсто прицврстено за шишенцето, iiamo go шишенцето е дизајнрано со два засека на широката страна на шишенцето.Едноставно повлечето го капачето.

-Како да го спречам активирањето на iiamo warm кертриџот во мојата торба?

Ставете го iiamo warm во комората за греење и навртете го активаторот со механизмот за активација свртен нанадвор - види илустрација:

iiamo FAQ

-Како да бидам сигурен/а дека iiamo warm веќе не бил користен?

Кога iiamo warm е нов, може да се случне тропкање на сувата сол. Доколку грејачот бил искористен, солта ќе растопена во водата и ќе се слуша само звук на водата.

-Како да бидам сигурен/а дека млекото е загреано на потребната температура (37 ° C)?

Најбитната работа е да ја проверите температутата на млекото пред да му го дадете млекото на вашето бебе. iiamo go е дизајниран така што грејачот го загрева млекото точно на температура од 37 степени (температура на телото) при собна температура на млекото(18-21 степени) и кога шишенцето е комплетно полно(1/1). Ако млекото или водата е потопло или постудено, или шишенцето не е комплетно полно, резултатот ќе варира, затоа Ве молиме секогаш проверувајте ја температурата на млекото пред да го дадете на Вашето бебе.

-Како функционира iiamo go?

iiamo go го загрева млекото до препорачливата температура (37 ° C) без електрична енергија, без кабли, без ограничувања. Тајната е во грејачот кој содржи само сол(CaCl2) и вода.

Односот од сол и вода во iiamo warm кертриџот се внимателоно пресметани под претпоставка дека млекото е на собна температура кога се налева во шишенцето, и iiamo go шишенцето е полно со 170 – 180 ml млеко, со цел да се постигне температура од 37°C за приближно 4 минути.

Важно е да се напомене дека шишенцето треба да се протресе неколку пати веднаш по активирањето на кертриџот за затоплување за да се овозможи солта и водата убаво да се измешаат и топлината да биде дистрибуирана подеднакво. iiamo warm кертиџот ќе продолжи да генерира топлина приближно 20 минути и така ќе го чува млекото топло доколку веднаш не му се даде на бебето.

Види презентационо видео

-Како функционира iiamo warm – од каде доаѓа топлината?

Може да звучи чудно, но топлината доаѓа од реакцијата помеѓу водата и солта - т.е. создавањето на солена вода, или уште поточно од рехидрационата топлина од сувата сол. Тајната е во тоа што солта навистина сака вода. Во овој случај, ја исушивме солта во грејачот (iiamo warm) на неприродно висок процент на сувост – т.е. практично целата вода е извлечена од солта. За да се извлече водата од солта, се користи енергија за испарување на водата, и оваа енергија се ослободува кога на солта ќе и се додаде вода при активирање на кертриџот.

-Како да го измијам/исчистам iiamo go?

iiamo go е погоден за машиини за миење садови и исто така издржува вриење и стерилизација.

-Колку пати може да се користи iiamo warm ?

Еднаш – iiamo warm е грејач за една употреба. Кога ќе се измешаат водата и солта невозможно е пак да се одвојат.

-Колку собира едно iiamo шишенце?

iiamo go е опремено со комора за загревање и собира 180 ml, додека опремено со рамно дно, без комора за загревање, собира 380 ml

-Дали iiamo go е скапо за користење?

Повеќето родители го користат iiamo go првенствено кога се во движење или не се дома каде што имаат пристап до конвенционални извори за греење. Затоа не го користете iiamo go 5-6 пати дневно, туку кога не сте дома, или на пр. уживате во своето омилено кафе лате во вашето омилено кафуле, што ја прави вкупната цена небитна. Ако го споредите трошокот на iiamo warm со вашето кафе, предноста од тоа да го нахраните вашето бебе со топол оброк во исто време кога уживате во вашето кафе го надминува трошокот.

-Дали содржината на iiamo warm опасна?

Не. Целата тајна е во тоа што содржината на iiamo warm (грејач) е сол(CaCl2) и вода – т.е. солена вода, затоа не е опасно. Ова сепак не значи дека треба да пиете од грејачот, концетрацијата на сол и вода е висока.

-Што значи името iiamo?

Името iiamo е инспирирано од италијанскиот збор andiamo , што значи "да одиме" или " ајде" – охрабрување за делување во физичка и психичка смисла. iiamo сака да охрабри родителите да уживаат во 'животот после раѓање' затоа што најважната работа за мама и тато - покрај безрезервната љубов кон своето дете - по наше мислење е да се инспирираат децата, што е возможно само доколку најдат иснпирација за самите себе.

Затоа ние развиваме иновативни производи кои ќе го направат вашиот секојдневен живот полесен, а со самото тоа ќе направат и полесно да бидете мама и тато. Ете зошто ние развиваме производи за бебиња без BPA, парабени, фталати, парфемии други опасни супстанции. Затоа ние дизајнираме производи за родители и бебиња во соработка со водечкиот светски индустриски дизајнер. Па – право во кафуле со вашето бебе, летајте, одете на излет, прошетајте на планина, секаде ви во секое време!

-Што е BPA?

BPA е кратенка од bisphenol-A е супстанција која прави хормонален дисбаланс и ја содржат поголемиот број шишенца за хранење. Списокот на опасни последици при користење на bisphenol-A во шишенцата за хранење и други производи за бебиња станѕва се поголем. Науката покрај другите работи ги пронајде следниве несакани ефекти од BPA:
  • намалена способност за учење
  • зголемен ризик од срцеви и васкуларни заболувања
  • зголемен ризик од дијабетис
  • канцероген
  • генерален хормонски дисбаланс
  • ожтетување на матката
  • намален квалитет на сперма
  • намален развој на мозокот
Данскиот национален одбор за здравство препорачува родителите да изберат шишенца за хранење без BPA, но за жал продажбата на производи што содржат BPA се уште не е забранета. Link: http://www.foodsafetynews.com/2011/10/california-bpa-ban-signed-by-gov-brown/

-Каде се произведува iiamo go?

iiamo go се произведува во Данска. Пластичните делови и комората за загревање се произведени во Данска, само силиконската цуцла се произведува во Кина. iiamo warm грејачот се произведува во Чешка.

-Од кој материјал се направени iiamo цуцлите (iiamo flow)?

Сите наши цуцли се направени од 100% силикон без BPA.

-Кој вид на пластика се користи за производство на iiamo go?

iiamo go е произведен од пластичен материјал полипропилен (PP) кој се смета за најчист и најпријателски за околината. При целосно согорување, PP оства само CO2 и вода. PP не содржи BPA (Bisphenol-A).

-Кој вид на цуцла е соодветен за iiamo go?

Симетричната цуцла на iiamo, iiamo flow, би требало да се користи со iiamo go, нашата цуцла е достапна во повеќе димензии: 0m+, 1m+, 3m+ и 6m+. Сепак, цуцлите од повеќето други брендови се компатибилни со iiamo go шишенцето.

-Кој го дизајнираше iiamo go шишенцето?

Karim Сите iiamo производи се дизајнирани од Karim Rashid. Karim е еден од светски призанатите индустриски дизајнери, со многу награди за неговите дизајни, и има создадено значаен број нови производи почнувајки од лампи, мебел и шишиња за парфеми преточувајки ги во уметност,хотели и други помеѓу кои Herman Miller, Cappellini, Prada, Issey Miyake, Audi и Method. iiamo со гордост оствари ексклузивна соработка со Karim за сите производи за бебиња, и со нетрпение чекаме да работиме заедно со Karim на развојот на уште прекрасни производи под името на iiamo брендот. Прочитај повеќе за Karim тука и тука.

-Кој го основаше iiamo?

iiamo е основан од двајца татковци од Данска, Rasmus Schmiegelow и Nikolaj Leonhard-Hjorth и неколку Дански изумители.

-Зошто има дупчиња/отвори на крилцата од iiamo peace?

Цуцлата лажалка е дизајнирана со систем за воздушна вентилација кој спречува нафрлување околу устата на бебето

-Зошто можам да купам iiamo string само заесно со iiamo peace цуцла лажалка 0-6 за месеци?

iiamo string е дизајнирана да се користи со iiamo peace цуцла лажалка, тие се направени една за друга и затоа се спакувани и доаќаат како бунус пакување. Големината на цуцлата прицврстена за iiamo peace е за 0-6 месеци, затоа што на повеќето бебиња iiamo string им е потребна уште од првите месеци. Сепак, како што расте бебето, купете iiamo peace за 6+ месеци и прицврстете ја.

-Зошто iiamo go шишенцето има специјална форма и искривен врат?

Шишенцето е дизајнирано за да може било која големина на рака да го држи лесно и да има контрола над него. Искривениот врат е направен за да овозможи различни позиции за хранење и да овозможи уште полесно користење - за родителите и за децата.

-Зошто цуцлата на iiamo peace има ортодонтична форма?

Истражувањата покажуваат дека ортодонтичната форма на цуцли го спречува ризикот од отворено забало

-Зошто iiamo не развие кертриџ за повеќекратна употреба?

iiamo инсистира да не се користат хемикалии во iimao warm, се уште не сме откриле раствор кој не бара дополнителен третман или адитив.

-Зошто iiamo кертриџот за затоплување е за еднократна употреба?

iiamo се залага за лесно живеење и затоа е одбран принципот на греење кој овозможува флексибилност за родителите во движење. Не содржи (Bisphenol-A).

-Зошто е важно млекото да биде на температура од 37° C?

Скоро сите здравствени организации, вклучувајки WHO, се согласни дека млекото од доилката или замената за млеко да се служи на температура од 37 ° C – т.е. да кореспондира со температурата на телото.

-Зошто iiamo go пропушта/тече од врвот?

Има две можности: или сте заборавиле да го ставите дискот за заптивање или конекторот е несоодветно навртен. Можете да го поправите со одвртување на конеткторот и со повторување на процедурата на монтирање на цуцлата.

-Зошто зафатнината на iiamo go е само 180 ml?

Поради волуменот на комората за загревање iiamo go нема место за повеќе од 180 ml, доколку не е така шишшенцето поради своите димензии би било непрактично. Сепак, доколку на вашето бебе му е потребно пообилен оброк од 180 ml. можете да додадете уште млеко откако вашето бебе ќе испие малку од млекото, поради тоа што iiamo warm кертриџот за загревање ќе продолжи да го грее млекото приближно уште 20 минути откако е активиран. Ако користите iiamo go со рамно дно додатокот iiamo more, шишенцето собира 380 ml.

-Зошто врвката на iiamo string е толку кратка?

Врвката е намерно направена пократка од максималната должина од 21 mm пропишана во EN 12586 нормите, затоа што iiamo string треба да е закачена што поблиску до устата на бебето за да се спречи бебето да ја откачи кога ги мрда рацете и нозете.

-Зошто е создаден iiamo?

Се почна кога двајца страстни претприемачи добија многу добра идеа, самозагрвачо шишенце за хранење, и патант. Тогаш и самите тие станаа родители и почнаа да поставуваат прашања што ги поставуваат сите родители. Дали овој производ е безбеден? Што содржи? Зошто сите шишенца за хранење содржат BPA? Тие исто така открија дека повеќето производи не се безбедни и дека на индустријата за производи за бебиња и треба долго време да ги осознае опасностите. Ако сте родител неморате да чекате - сега е безбедно во целост.

Тие исто дојдоа до сознание дека не се работи само за децата. Се работи и за родителите. Открија дека среќна мама = среќно бебе. Затоа iiamo е се за и околу лесното живеење!